Вести

  • Македонија 19.06.2018 15:20

    Протести против договорот со Грција

    Паралелно со расправата за ратификацијата на Договорот со Грција, протести пред законодавниот дом. Учесниците велат дека се против ваквиот штетен договор кој викендов го потпишаа Македонија и Грција. Побараа оставка од Владата. Во знак на револт го запалија договорот.

  • Македонија 19.06.2018 15:13

    Ратификација на договорот без ВМРО-ДПМНЕ

    Со 69 гласови „ЗА“, пратениците ја усвоија потребата од носење на законот за ратификација на договорот со Грција. Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров од говорницата порача дека е повеќе од неопходно законот да се донесе, бидејќи ја отвора евроатлантската перспектива на земјата.

  • Економија 19.06.2018 14:22

    Се прават проценки колку ќе чини автопатот Кичево- Охрид

    За еден месец се очекува првичната проценка за тоа колку дополнително ќе чини изградбата на автопатот Кичево- Охрид. Од ресорот велат дека се проектираат клучките, споредните патишта и тунелот, кои не биле предвидени со проектот.

  • Култура 19.06.2018 13:55

    На 21-ви јуни почнува „Скопско лето“

    Театарски претстави, концерти, излижби, програми за деца. Атрактивна и квалитетна програма во 40-те фестивалски денови на 20 локации, на традиционалното „Скопско лето“ кое опстојува 39 години.

  • Македонија 19.06.2018 13:31

    На Јанкулоска ќе и се суди одвоено во „Таргет-Тврдина“

    Пауза од еден час даде судијката на денешното рочиште за предметот „Таргет-Тврдина“  за адвокатот Петар Василевски да го достави пред судот примерокот од одлуката на Врховниот суд на Грција, со која се ослободени од екстрадициски притвор поранешните разузнавачи Горан Грујевски и Никола Бошкоски.

  • Македонија 19.06.2018 12:50

    ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во работата на Собранието за Договорот со Грција

    Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во работата на Собранието што се однесува на Договоро за името со Грција, изјави на прес- конференција пратеникот Антонио Милошоски. Како ќе дејствуваат понатаму, ќе одлучуваат партиските органи- додаде Милошоски.

  • Свет 19.06.2018 12:37

    Трамп нареди формирање на Вселенска војска

    Американскиот претседател Доналд Трамп му нареди на Пентагон да формира Вселенска војска независна од военото воздухопловство на САД.

  • Македонија 19.06.2018 12:33

    Министерски состанок ЕУ- Западен Балкан за миграцијата

    Министрите за внатрешни работи на шесте земји од Западен Балкан, меѓу кои и на Македонија, во Брисел ќе разговараат со претставници на Европската комисија и на австриското и бугарското претседателство со Унијата. Меѓу темите на разговор се и миграциските предизвици на ЕУ.

  • Свет 19.06.2018 12:13

    Грција примила најмногу мигранти во ЕУ

    Во првите пет месеци од оваа година во Грција пристигнале над 19.800 мигранти, што претставува најголема бројка на прифатени мигранти во една земја членка на ЕУ.

    Според Европската агенција за контрола на гранциите - Фронтекст, ова е пораст за 90 отсто во споредба со истиот период лани.

  • Македонија 19.06.2018 12:11

    Собранието по скратена постапка ќе го ратификува договорот со Грција

    Собранието на Македонија денеска ја утврди потребата од донесување на Законот за ратификација на Конечната спогодба за решавање на разликата како што е опишана во резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации 817 (1993) и 845 (1993), престанување на Времената спогодба од 1995 година и

Pages