Вести

  • Свет 20.06.2018 10:55

    Ким и Џинпинг согласни околу повеќе прашања

    Лидерите на Кина и Северна Кореја, Си Џинпинг и Ким Јонг-ун се согласни за голем број прашања, вклучувајќи ја и денуклеаризацијата на Корејскиот полуостров.

    Ким е во трета посета на Кина, во последниве три месеци, каде што имаше  средба со својот кинески колега.

  • Македонија 20.06.2018 10:49

    Стручни совети за прскање на јаболкото

    Седум агрометеоролошки станици на различни локации во Преспа се користат да се одреди дали и кога има потреба од користење пестициди кај овошките за да се намали прекумерната употреба на хемиските препарати.

  • Свет 20.06.2018 10:31

    Хакерска кражба на Јужнокорејска берза за криптовалути

    Хакери ја нападнале берзата за трговија со криптовалути Битамб од која се украдени виртуелни валути во вредност од 31,5 милиони долари.

    Тргувањето е запрено откако била откриена измамата. Платформата истакна дека ќе ги надомести загубените дигитални пари со сопствени средства.

  • Македонија 20.06.2018 10:25

    Во касарната „Ѓорче Петров“ ќе биде пуштен во употреба објект за тактички вежби

    Во касарната „Ѓорче Петров“ свечено ќе биде пуштен во употреба објектот за тактички вежби. Настанот е во организација на Министерството за внатрешни работи, а во соработка со ИЦИТАП - одделот за правда на САД, Европската команда на Армијата на САД и Американската амбасада.

  • Македонија 20.06.2018 10:13

    Ново рочиште за случајот „Тендери“

    Во Кривичниот суд треба да се одржи рочиште за предметот на СЈО „Тендери“ во кој првообвинета е поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа-Милевска во врска со тендерот за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност, дел од проектот Скопје 20

  • Македонија 20.06.2018 10:01

    ВМРО-ДПМНЕ: Капитулантскиот договор на Заев нема да донесе подобар живот

    Опозициската ВМРО-ДПМНЕ смета дека капитулантскиот договор на Заев нема да донесе подобар живот. Во партиското соопштение се вели дека државата повеќе ќе тоне поради неспособната Влада, а срамниот геноцид ќе се памети.

  • Свет 20.06.2018 09:50

    САД излегоа од Советот за човекови права на ОН

    Русија поднесе кандидатура за членство во Советот на ОН за човекови права за периодот меѓу 2021 и 2023 година, неколку часа по повлекувањето на САД од ова тело.

  • Македонија 20.06.2018 09:38

    Собранието ќе го ратификува договорот за името со Грција

    Комисијата за европски прашања вчера го усвои Предлог- законот за ратификација на договорот со Грција. Министерот за надворешни работи Никола Димитров ја образложи итноста на ратификацијата на договорот со цел да се испорачаат резултатите и да се запазат роковите до јунскиот самит во Брисел.

  • Македонија 19.06.2018 16:00

    Метео: Сончево и топло, температура до 32 степени

    Утре во Македонија се очекува делумно подобрување на временските услови. Во поголем дел од земјата ќе преовладува сончево и топло време.

    Во попладневните часови не е исклучена можноста за појава на краткотраен локален дожд и ретки грмежи особено во западните и југозападните региони.

  • Македонија 19.06.2018 15:51

    Сузбивањето на илегалната миграција- врвен приоритет за ЕУ и за Западен Балкан

    Министрите за внатрешни работи на шесте земји од Западен Балкан, меѓу кои и на Македонија, во Брисел разговараа со претставници на Европската комисија и на австриското и бугарското претседателство со Унијата за миграциските предизвици на Европската унија.

Pages