Играна серија

КАТУРАНДИ

Четврток, 21:40

Премиерна италијанска серија од 12 епизоди, 2015 

Режија: Фабрицио Коста

Улоги: Стефанија Бландебурго, Анита Каприоли, Алесио Бони, Марта Гастини

Жанр: драма

Мафијата е со генерации составен дел од животот на Сицилија, но една тајна група се обидува да ја запре. Катуранди е посебен полициски одред чија единствена задача е да ги лови членовите на мафијата, но никој не знае кои се тие. Тие можат да се видат само кога апсат мафијаш. Тоа се луѓе „без имиња и без лица“ и кога ја спроведуваат „операцијата“ носат маски за да не ги идентификуваат. Државата ѝ објавува војна на мафијата преку специјалниот тим кој работи во Палермо. Екипата ја предводи талентираната заменичка на комесарот, Палма Тоскано, ќерка на полицаец- јунак, кој загинал во служба на државата. Палма е млада и енергична жена која ги следи стапките на татко си кој ѝ служел за пример, а сега, со својот тим се обидува да го фати последниот водач на најмоќната криминалистичка организација на светот, Натале Скјаки. Во Палермо, каде што се одвива дејството, Палма сфаќа дека ништо во животот не е така како што изгледа, дека понекогаш најопасните мафијаши се оние во кои никогаш не би се посомневала, но и дека пријателите понекогаш можат да изневерат. Но не само тие, туку и љубовниците.