ЗОИ 2018: Тодоровска дебитираше со симболичен настап

15.02.2018 12:46

Најбрзо 10-те километри ги мина Рагхнилд Хага со време од 25:00.5 минути, пред Швеѓанката Шарлот Кала со 25:20.8 и Норвежанката Марит Бјорген со 25:32.4

Македонската скијачка Викторија Тодоровска денеска го имаше своето деби на Зимски олимписки игри во Јужна Кореја. Како што се очекуваше, Тодоровска крос-кантри трката на 10 километри ја заврши со пласман во долниот дел, беше 85-та со седум минути и 57 секунди заостанување зад победничката.

Најбрзо 10-те километри ги мина Рагхнилд Хага со време од 25:00.5 минути, пред Швеѓанката Шарлот Кала со 25:20.8 и Норвежанката Марит Бјорген со 25:32.4.

Пласман остварија 90 натпреварувачки, пед од нив с епослабопласирани од 17-годишната Македонка.