Метео: Прменливо облачно, снежни врнежи во југозападните делови

14.02.2018 16:41

Во петок и за време на викендот ќе имаме сончево време со студени утра и повисоки дневни температури.

Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно време. На места особено во југозападните делови се очекуваат снежни врнежи со слаб до умерен интензитет особено претпладне.

Попладне облачноста ќе се намали а ќе дува и слаб северен ветер.

Во петок и за време на викендот ќе имаме сончево време со студени утра и повисоки дневни температури.

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска