Здравство

Недостига кадар на детската клиника

14.02.2018 15:35

Кадарот во оваа установа е значително намален, вели директорката Ставриќ. Објаснува дека персоналот е возрасен, сестрите имаат хронични заболувања, па често земаат боледување, оптоварени се со дежурства. Дополнителен проблем е и недостигот од лекарски кадар.

Продолжени им се договорите за работа на 20 медицински сестри на детската клиника. Тие и претходно работеле на одделите, а до крајот на неделава се очекува одобрение за ангажирање на уште 20. Кадарот во оваа установа е значително намален, вели директорката Ставриќ. Објаснува дека персоналот е возрасен, сестрите имаат хронични заболувања, па често земаат боледување, оптоварени се со дежурства. Дополнителен проблем е и недостигот од лекарски кадар.

„Голем дел од докторите и сестрите преминаа во приватните болници, дел од сестрите заминаа во Германија. Старосната возраст на докторите е исто така голема. Ние сме клиника со 13 оддели и секоја субспецијалност има по двајца до тројца специјалисти. Има потреба од повеќе доктори по одделите“, вели д-р Катерина Ставриќ, директор на Клиниката за детски болести.

На детската клиника е потребно да се обнови и апаратурата, но таа без доктори не е корисна, вели Ставриќ. Во мометов во здравствена установа се хоспитализирани речиси 120 деца.

Недостигот од медицински персонал привремено го затвори Хематолошкото одделение на клиниката, а децата со малигни заболувања биле преместувани на други оддели. Министерството за здравство најави решавање на проблемот со недостигот од кадар во сите клиники.

 

Андријана Атанасовска