Ципрас и Јилдирим разговарале за кризата на Егејот

14.02.2018 15:28

Ципрас и Јилдирим телефонски разговарале за грчко- турската криза на Егејот, околу малите ненаселени острови каде што почнаа да се собираат бродови на крајбрежната стража на двете земји...

Премиерите на Грција и на Турција, Алексис Ципрас и Бинали Јилдирим телефонски разговарале за грчко- турската криза на Егејот, околу малите ненаселени острови каде што почнаа да се собираат бродови на крајбрежната стража на двете земји.

И Атина и Анкара велат дека островите се нивни. Инцидентот почна во понеделникот кога турски патролен брод се обидел да истера еден грчки брод.