Игран филм

НЕПОЗНАТ СТРАВ

Четврток (08.02.2018) 21:05

В. Британија/ Данска/ Канада, 2003  

Режија: Николас Виндинг Рефн
Улоги: Џон Тортуро,  Дебора Кара Ангер, Стивен Мекентаер, Вилијам Ален Јанг
Жанр: трилер

Хари е среќно оженет човек кој работи во службата за обезбедување во еден трговски центар. Неговиот живот се менува од корен кога му ја убиваат сопругата  пред „пред неговите очи“, на работното место. Убиецот не е пронајден, така што не му преостанува ништо друго освен самиот да почне да истражува. Неговата истрага сѐ повеќе и повеќе се проширува, тој „копа“ сѐ подлабоко и обрнува внимание на секој детаљ од кој може да произлезе нова информација. Во оваа болна и неизвесна истрага, Хари полека но сигурно го губи разумот. Неговата потрага прераснува во вистинска опсесија која го доведува до работ на невозможното.