Месец на бугарски филм во Кинотека на Македонија

01.02.2018 11:13

Ќе бидат прикажани вкупно осум бугарски филмови од современата филмска продукција, два документарци и шест играни остварувања.

Со проекција на филмските остварувања „Пијте само шуменско пиво“ и „Лузери“, вечерва во Кинотека на Македонија почнува месецот на бугарскиот филм.

Ќе бидат прикажани вкупно осум бугарски филмови од современата филмска продукција, два документарци и шест играни остварувања.

Ревијата на бугарски филмови ќе заврши на 25-ти февруари, со прикажување на филмот „Мисија Лондон“ на режисерот Димитар Митовски.