Директорот на МНТ поднесе оставка

31.01.2018 13:25

Лице кое сторило тежок прекршок и довело во опaсност друга личност, не може да раководи со институција и да извршува јавна функција. Ова е ставот на извршната власт по сообраќајката, која вчера ја предизвика директорот на МНТ.

Директорот на Македонскиот народен театар, Драган Спасов- Дац поднел оставка, која веднаш му е прифатена од страна на Министерството за култура, откако во алкохолизирана состојба со автомобил повреди 27-годишна девојка.

Лице кое сторило тежок прекршок и довело во опaсност друга личност, не може да раководи со институција и да извршува јавна функција. Ова е ставот на извршната власт по сообраќајката, која вчера ја предизвика директорот на МНТ.

Според МВР, синоќа во 19:20 часот на улица „Антон Попов“ во Скопје, Спасов со патничко возило БМВ удрил во пешакот Е.Ц.(27). Девојката е пренесена во ГОБ „Св. Наум Охридски“ каде ѝ се констатирани телесни повреди, по што е пуштена дома.