Цепелинот меѓу Георгиевски и Лазаров- потег на натпреварот против Германија

18.01.2018 11:42

На средбата меѓу Германија и Македонија одиграна вчера во Загреб еден погодок останува забележан од Европската ракометна федерација како најдобар

Европската ракометна федерација за потег на вчерашниот натпревар помеѓу Македонија и Германија на првенството во Хрватска го прогласи цепелинот изведен меѓу Гоце Георгиевски и Кире Лазаров.

Ракометните репрезентации на Македонија и на Германија одиграа нерешено со резултат 25:25 на последниот натпревар од групата Ц во Загреб. Со нерешениот резултат нашиот тим остана на првото место на табелата.