Метео: Продолжува периодот на сончево време

12.10.2017 16:07

Во Скопје се очекува температура од 25, а максималната дневна на југоисток ќе достигне до 27 степени.

Во текот на утрешниот ден во Македонија се очекува сончево, претежно ведро и потопло време со умерен ветер од северен правец.

Во Скопје се очекува температура од 25, а максималната дневна на југоисток ќе достигне до 27 степени.

Периодот на сончево време ќе продолжи и во наредните денови, со благ пад на дневната температура во сабота.

Во почетокот од следната седмица температурите во делови од земјава ќе бидат со натпросечни вредности за овој период од годината.

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска