Играна серија

Пет плус Фамилија

Вторник, 16:25

„Пет плус Фамилија“ е серија за деца на возраст од 4-12 години, но нејзиниот забавно едукативен карактер ја прави интересна за широк спектар  гледачи создавајќи искуство во кое може да ужива целото семејство.

Мисијата на „Пет плус Фамилија" е да создаде медиумски простор преку кој децата ќе можат подобро да се разберат себеси, светот околу себе и другите. Да размислуваат, да сонуваат и да откриваат  какода ги остварат сопствените можности.

Концептот на серијата е базиран на авантурите што ги „преживува” познатиот лик Петко, и неговите пријатели  (детективот Цветко,  Комшо, Лина, Комшито, Дедо Менде итн.),  станари во стокатница  каде што живеат.