Берзански цени на житото

11.07.2017 10:34

Од минатата недела на берзите во регионов, почна да се тргува со житата од новата реколта. На берзата во Нови Сад пченицата се купува по просечна цена од 8,16 до 8,42 денари за килограм.

Минатата недела, на берзата во Нови Сад почна тргувањето со пченицата од новиот род од 2017 година.

Првите берзански договори се склучуваа по цени од 8,16 до 8,42 денари за килограм без ДДВ.

Цените на другите берзи се повисоки и се движи од 11 во Париз до 10,4 денари во Франкфурт. Во Хрватска еден килограм чини помалку и се продава за 7,8 денари.

Најголемиот дел површините со јачменот од новиот род се веќе ожнеани и може да се каже дека жетвата е завршена, а просечнета откупна цена е 7,45 денари за килограм.

Пазарот на пченкарта е во фаза на мирување и на берзата во Нови Сад еден килограм се продава по цена од 8 денари.

Методија Трајков