Игран филм

ЦРНО ИЛИ БЕЛО

Недела (09.07.2017) 20:15

САД, 2014

Режија: Мајк Бајндер
Улоги: Кевин Костнер, Октавија Спенсер, Џилијан Естел
Жанр: драма

„Црно или бело” е приказна за еден дедо (Кевин Костнер) на кого му е доделена  должноста да се грижи за саканата внука. Кога нејзината баба (од страната на таткото) со помош на својот брат ќе побара старателство за неа, девојчето ќе се најде на крстопат меѓу две семејства кои ја сакаат. Со најдобри намери, и двете семејства се борат според сопствените убедувања за верата, простувањето и разбирањето.
Филмот е работен според вистински настан кој ни прикажува два различни света во кој ништо не е толку едноставно за да биде само црно или бело.