Игран филм

УКРАДЕНИ ЗБОРОВИ

Сабота (08.07.2017) 20:15

САД, 2012
  
Режија: Брајан Клагман, Ли Стертнал
Улоги: Бредли Купер, Денис Квејд, Оливија Вајлд, Џереми Ајронс
Жанр: драма/романса

Приказна за младиот писател Рори Џансен кој oчајнички сака да стане славен. Тој не успева да наиде на разбирање и интерес кај издавачот, и неговиот ентузијазам и сигурноста што ги има полека исчезнуваат, што дополнително влијае на неговиот личен, но и брачен живот. Во Париз, каде што заминува на меден месец со сопругата, случајно, во една антикварница купува чанта, во која, откако се враќа во САД пронаоѓа пожолтени страници од еден роман што никогаш не бил објавен. Очајнички и со желба да се докаже пред себе, но и пред сопругата, целата приказна Рори ја претставува како своја, а таа е автобиографска, која зборува за животот на еден млад Американец во поствоен Париз, за неговиот брак, животните битки, надежи и разочарувања. Додека минатото го прогонува, тој станува литературна ѕвезда во подем и е принуден да се соочи со високата цена што мора да ја плати за крадење туѓ труд. Основните човечки вредности Рори ги запоставува поради личниот успех и болната амбиција.