• Култура 15.06.2018 10:41

    Ново издание на „Битола Шекспир фестивал“

    Битолскиот народен театар чиј ансамбал на нашите сцени има поставено и одиграно најмногу шекспирови дела ја продолжува и интернационалната традиција. Од 23-ти до 30-ти јуни ќе се одржи шестото издание на Битола Шекспир фестивалот.

  • Култура 05.06.2018 14:13

    Кино и филхармонија на отворено во Градскиот парк

    Завршувањето на концертната сезона, Македонската филхармонија ќе ја одбележи со концерт на отворено во Градскиот парк. На 7-ми јуни под диригенство и во аранжман на Емин Џијан, ќе музицира нигериската sвезда Феми Кути.

  • Култура 05.06.2018 10:44

    Уму Сангаре го затвора ОФФест

    Уму Сангаре, најголемата африканска пејачка која доаѓа од Мали, вечер од 20.30 часот ќе настапи во Македонската опера и балет и ќе го затвори  17. ОФФест.

  • Култура 04.06.2018 10:49

    Мариовско- мегленски културни средби

    Со носталгија, многу копнеж и обновени спомени, мариовци, повеќето некогашни, и малку сегашни жители, се сретнаа по 34-ти пат на „Мариовско- мегленските културни средби“.  Големото Мариово, но, една од најретко населените области на Балканот, сега брои околу 300 жители, претежно стари луѓе.

  • Култура 31.05.2018 11:54

    „Аида“ ги затвора 46. Мајски оперски вечери

    Со операта „Аида“ на Џузепе Верди вечер ќе завршат 46. Мајски оперски вечери. Во насловната улога на операта, со која традиционално се затвора фестивалот, годинава ќе настапи сопранистката Ана Лукреција Гарсија од Венецуела.

  • Култура 29.05.2018 11:42

    Три концерти на Македонската филхармонија до 3-ти јуни

    Македонската филхармонија, од 30-ти мај до 3-ти јуни, приредува три интересни настани.  Утре во Камерната сала во 20 часот, концерт ќе одржи Квартетот тромбони на Македонската филхармонија во состав: Димче Белчовски, Бранко Илиевски, Никола Ристевски- тромбони и Александар Ниниќ- туба.

  • Култура 28.05.2018 15:27

    Богата програма на ОФ-Фест

    Со програма чија срцевина ја чинат настапите на африканската кралица, добитник на Греми, Уму Сангаре, од 31-ви мај до 5-ти јуни на три сцени во градот ќе се одржи 17-то издание на ОФ-Фест, манифестацијата на „една понаква музика“ и громогласни пораки за слободата на народите од светот.

  • Култура 28.05.2018 14:00

    Оперската дива Елена Мошуц ќе го отвори 58-то издание на „Охридско лето“

    Со настапот на свестката оперска дива, романско-швајцарскиот сопран, Елена Мошуц, тенорот-Калин Братеску и симфонискиот оркестар на Македонската филхарминија, под диригентската палка на Николае Молдовеану на 12-ти јули ќе биде отворено 58- издание на Фестивалот „Охридско лето“.

  • Култура 22.05.2018 15:19

    Децата и младите сѐ помалку читаат книги

    Децата и младите сѐ помалку читаат книги и литературни дела, велат психолозите и педагозите. Ако некогаш важеше правилото дека книгата е прозорец кон светот, компјутерите полека, но сигурно ги менуваат работите, а таблетите и електронските книги стануваат сѐ поинтересни за најмладите.

  • Култура 21.05.2018 17:02

    Три претстави од странство и три од Македонија ќе се натпреваруваат на „Гола Месечина“

    Програмата на петтиот по ред меѓународен фестивал на комедијата „Гола месечина“ што ќе се одржи од 18 до 24 јуни во Спортскиот центар Ново Лисиче беше презентирана денеска на прес-конференција во Театар Комедија.

Pages